Американецот Дејвид Хагерти по третпат е избран за претседател на Меѓународната тениска федерација (ИТФ), тој доби 72,94 отсто од гласовите на конгресот одржан во Канкун, во Мексико.
Хагерти ја презеде оваа функција во 2015 година кога го замени најдолготрајниот претседател на ИТФ, Италијанецот Франческо Ричи-Бити, кој беше претседател од 1999 до 2015 година.
По истекот на овој мандат во 2027 година, Хагерти нема да може да се кандидира за уште еден бидејќи бројот на мандати е ограничен на три.