Хаити: 470 мртви, повредни и исчезнати во десетдневните пресметки на бандите

Повеќе од 470 лица се убиени, повредени и исчезнати во пресметките меѓу бандите о Сите Солеј на Хаити во периодот од 8-ми до 17-ти јули, објавија во понеделникот Обединетите нации.

„Пријавени се тешки случаи на сексуално насилство над жените, девојките и момченца кои ги врбуваат бандите“, се предупредува во соопштението на ОН, додавајќи дека 3.000 жители на оваа општина којашто според податоците од 2015 година броела околу 265.000 жители, ги напуштиле своите домови.

Станува збор за најсиромашното и најопасно за живот место на северната хемисфера, без канализација и струја и без речиси никакво присуство на полиција на поширокото подрачје на Порт-о-Пренс, главниот град на Хаити.

Девет земји членки на Советот за безбедност на ОН предводени од Бразил минатата седмица во заедничка изјава го осудија насилството над жените на Хаити земја со висок степен на насилства, и повикаа на нивна меѓународна заштита.

„Постојат алармантни извештаи за силувања и сексуално ропство. Тоа е злосторство над жените и девојките на различна возраст, како и над мажи и момченца“, во квартот на Порт-о-Пренс изјави бразилскиот потпретседател Хамилтон Моурао.

Покрај Бразил изјавата ја потпишаа и претставници на Ирска, Норвешка, Франција, Велика Британија, Мексико, Кенија, Апбанија и Обединетите Арапски Емирати.