Хакатон во Скопје за решенија за надминување локални развојни предизвици

Во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Лабораторијата за иновации од Тел Авив- Израел „Креаторс“,денеска и утре во Скојпе организираат хакатон отворен за сите претприемачи во државата.

На хакатонот се поканети сите талентирани локални компании и претприемачи да помогнат во изнаоѓање решенија за надминување на локалните развојни предизивици.

Хакатонот ќе понуди на сите што ќе изнајдат иновативни и ефективни решенија можност да ги имплентираат и пилотираат истите. Вкупниот буџет изнесува 40,000 американски долари, а за решенијата што ќе се покажат како успешни во една општина, ќе се понуди и поддршка за репликација и во други општини.

Настанот е дел од поголемата „Подобрување општински услуги“,  што ја спроведува УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, а е финансирана од Европската Унија.

Првите три општини -партнери во пилот проектот се Велес, Гостивар и Струмица.

На настанот е најавено обраќање на министерот за локална самоуправа Горан Милевски и постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан.