
Хакерите кои се обидуваат да ја нарушат работата на компјутерските мрежи на Белата куќа последните неколку недели, можно е да работат за руската влада, пишува денеска Вашингтон Пост, повикувајќи се на свои извори.
Американските официјални лица соопштија дека е забележана сомнителна сајбер активност на компјутерската мрежа која ја користи Белата куќа и дека се преземени мерки за тоа да се реши.
Неименуван извор на Белата куќа не изјави кој би можел за тоа да биде одговорен, но истакна дека до овие сознанија е дојдено преку „проверка на неодамнешни закани“.
„Секоја таква активност ја сметаме за сериозна,“ додаде тој.