Хакери со години имале пристап до комуникацијата на дипломатите на Европската унија, „симнувајќи“ белешки кои открија загриженост поради администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, судирите со Кина и Русија, како и опасноста Иран да ја заживее нуклеарната програма, пишува The New York Times.
Безбедносната команија Area 1, формирана од поранешни соработници на американската разузнавачка Агенција за национална безбедност (NSA) доставила список со повеќе од 1.100 дипломатски белешки, откако се откриени пропусти. Истражителите на Area 1 веруваат дека хакерите работат за Народно-ослободителната војска на Кина.
Белешките вклучуваат записи за разговорите со челниците на Саудиска Арабија, Израел и другите земји, коишто, според извештајот, се проследени ширум Европската унија.
Едната белешка, пишува The New York Times, покажува дека дипломатите Европската унија го опишале состанокот на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин во Хелсинки како „успешен (барем за Путин)“.
Според написот во NYT, од коресподенцијата, исто така, следува дека официјални претставници на САД и на ЕУ се консултирале околу можноста за отвореното во текот на средбата меѓу Трамп и Путин прашање дали руските иследници ќе може да испрашуваат американски државјани кои биле според Москва вклучени во нелегални активности против Русија. Во белешката датирана од 20-ти јули се наведува дека „функционерите на Белата куќа ги уверија Европејците дека согласноста на Трамп ќе биде ’притисната’ за да не се дозволи испрашувања на Американци“.
Покрај тоа, според њујоршкиот дневен весник, во европската кореспонденција има прашање дали на челникот на руската веселнска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогоони, да му се дозволи да учествува на меѓународен состанок во Австрија на тема вселенски истражувања. Во написот се наведува дека во тоа време на сила биле ЕУ санкциите против Рогозин.
Во истата белешка се истакнува верзијата дека руската војска, наводно, би можела да распореди нуклеарно оружје на Крим. Весникот забележува дека американските официјални претставници немале никаква информација во поткрепа на оваа верзија.
Втората белешка, настаната по состанокот од 16-ти јули, пренесува детелен опис и анализа на разговорите на европските функционери и кинескиот претседател Кси Џинпинг, кој „насилното однесување“ на Трамп кон Кина го опишал како „боксерски меч во слободен стил без правила“. Кинескиот челник, исто така, истакнал дека Пекинг нема да потклекне пред притисокот на САД и оти Кина повеќе не е „заостаната земја“. Истовремено, Џинпинг, наводно, изјавил дека трговската војна „ќе им нанесе штета на сите“.
Третата, пак, белешка од 3-ти март открила дека Каролинe Вичини, заменичка на челникот на европската мисија во Вашингтон, им предложила на трговските дипломати на ЕУ, САД да ги опишат како „нашиот најважен партнер“, иако се спорело со Трамп „во подрачјето каде што не се согласуваме со САД (на пример климатските промени, трговијата, иранската нуклеарна програма)“.
Покрај тоа, на дипломатите на Европската унија им била упатена препорака да комуницираат доректно со Конгресот на САД со цел „да го заобиколат Трамп“.
Хакерите, исто така, се инфитрирале во Обединетите народи, Американската федерација за труд и Конгресот на индустриски организации (AFL-CIO), како и во министерствата за надворешни работи и за финансии ширум светот, се додава во извештајот.
Како што се наведува во написот, претставниците на американската NSA уверуваат дека претходно ги предупредувале дипломатите на ЕУ за ранливоста на нивните системи за трансфер на информациите. Вториве, наводно, ги ингорирале овие предупредувања. Весникот забележува дека службениците на дипломатските агенци и мисии на земјите членки на ЕУ кои работат во Москва и Пекинг користат напредни системи пренос на преписките.