Хакирани Твитер и Јутјуб на британската армија со видеа од криптовалути на Илон Маск

Британската армија започна истрага за хакерскиот напад врз своите профили на Твитер и Јутјуб. Каналот на Јутјуб прикажува видеа за крипто валутата и слики на Илон Маск, додека официјалниот Твитер налог ретвитна неколку објави кои се чини дека се поврзани со NFT.

Во еден момент името на сметката е сменето во „Bapesclan“, а профилната слика во цртана фигура е слична на мајмун со шминка на кловн, пренесува Sky News.

Твитер профилот е вратен во нормала.

„Се извинуваме за привременото нарушување на нашиот фид. Ќе спроведеме целосна истрага и ќе научиме поика од овој инцидент. Ви благодариме што не следевте и нормалната услуга сега ќе продолжи“, се вели во твитот објавен по инцидентот.

Во меѓувреме, снимките се вратени и на профилот на Јутјуб.

Портпаролот на армијата изјави дека се запознаени за „хакирањето на воените сметки на Твитер и Јутјуб и дека истрагата е во тек“.

Тие наведуваат дека безбедноста на информациите се сфаќа „исклучително сериозно“.

„Додека не заврши истрагата, би било несоодветно да се коментира дополнително“, се вели во соопштението на армијата објавено на Твитер.