Твитер профилите на аериканските претприемалчи Илон Маск, Бил Гејтс, како и на претседателскиот кандидат на Демократската партија Џо Бајден, поранешниот преседател Барак Обама и други личности се хакирани објавуваат медиумите.
Покрајн нивните, хакирани се и профилите на раперот Канје Вест, како и на реалити ѕвездата Ким Кардашјан. Според агенцијата Bloomberg, нападнати биле и официјалните страници на американските компании „Apple“ и „Uber“.
Во хакираните „твитови“ биле повикувани да ја удвојат заработката доколку испратат донации во крупто валута во точно одеден „криптовалутен паричник“. За неколку часа по почетокот на хакерскиот напад, околу 300 лица наседнале на биткоин измамата и испратиле повеќее од 110.000 долари во Биткоини.
Твитовите се избришани неколку минути откако биле објавни првите, а два часа по првиот бран хакерски напад не е објавена прилината за инцидентот. Од Twitter првично не понудија појаснувања, но во изјава порачаа дека корисниците можеби нема да може да твитаат или да ги ресетираат објавите додека се прегледува и решава инцидентот.
Необичниот обем на овој инцидент укажува дека хакерите можени добиле пристап на ниво на системот, а не преку поединечни компјутери. Други стручњаци велат дека поверојатно е дека хакерите имале пристап до внатрешната инфраструктура на Twitter.
Експертите биле изненадени од димензиите и координираноста на овој инцидент. Коосновачот на компанијата за кибернетичка безбедност „CrowdStrike“, Дмитриј Алперович, изјави дека се чини оти ова е најлошиот хакерски напад врз големите платформи за социјалните медиуми.