
Факт е дека саботните натпревари од 30. коло во англиската Премиер лига, нема да привлечат толку големо внимание какво што ќе привлечат неделните дерби натпревари на „Олд Трафорд” и „Вајт Харт Леин”.
Новајлијата во елитното друштво, тимот на Хал, би требало да се покаже како лесно премостлива пречка за можеби најголемиот фаворит кога е во прашање борбата за шампионската титула, екипата на Манчестер Сити.
Предводникот на „граѓаните”, Мануел Пелегрини повторно ќе ги нема да располагање услугите на аргентинскиот интернационалец, Серхио Агуеро, но противничкиот гол ќе биде нападнат со дуото, Един Џеко – Алваро Негредо.
За нијанса потешка задача ќе имаат фудбалерите на Челзи кои пак имаат обврска да забележат позитивен резултат во дуелот со секогаш незгодниот тим на Астон Вила.
Предводникот на лондонските „сини”, Жозе Мурињо пред натпреварот откри дека нема многу да тактизира со почетниот состав иако во вторник го игра реванш 1/8 финалниот дуел од Лигата на шампиони, каде за противник го има актуелниот шампион на Турција, тимот на Галатасарај.
Денеска на програмата: Евертон – Кардиф, Хал – Манчестер С., Фулам – Њукасл, Саутемптон – Норвич, Стоук – Вест Хем, Сандерленд – Кристал Палас, Свонси – ВБА, Астон Вила – Челзи.