-3.2 C
Skopje
недела, декември 29, 2024

Халанд го изедначи рекордот на Салах, Манчестер Сити рутински против Лестер (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд има фантастична сезона, иако има уште осум кола до крајот, Норвежанецот веќе го изедначи рекордот на Мо Салах, кој со 32 погодока беше најдобар стрелец во историјата на Премиерлигата во сезона со 38 натпревари.

Напаѓачот на Манчестер Сити денеска два пати ја тресеше мрежата на Лестер и уште еднаш покажа дека е во страшна форма.

Откако Стоунс атрактивно погоди со полуволеј за 1-0 во 6. минута, Халанд од пенал зголеми на 2-0, за во 25. минута да добие топка во фор и да го префрли голманот за 3-0.

До крајот на натпреварот, гостите постигнаа само почесен гол преку Ихеначо.