![haland](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/haland.jpg?resize=696%2C402&ssl=1)
Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер Сити соопшти дека го продолжил договорот со својот напаѓач Ерлинг Халанд до летото 2034 година.
Актуелниот договор на Халанд го врзуваше за Сити до јуни 2027 година, а со ова продолжување Норвежанецот треба да остане во Манчестер додека не наполни 34 години.
Халанд пристигна во Сити од Борусија Дортмунд во 2022 година и досега постигна 111 голови на 126 настапи за „Граѓаните“, а беше и најдобар стрелец во Премиер лигата во последните две сезони.
Со Сити ја освои „тројната круна“ во 2023 година, односно англиската Премиер лига, англискиот ФА Куп и Лигата на шампионите, а ја освои и Премиер лигата во 2024 година.
„Одушевен сум и горд што ќе останам овде долго време. По разговорот со шефовите на клубот, ова беше лесна одлука“, изјави Халанд.