Халанд за провокациите на навивачите на Јунајтед: Не знам зошто тоа го прават…

Манчестер Сити го доби градското соочување со Јунајтед на „Олд Трафорд“ со убедливи 3-0, дуел во кој се истакна Ерлинг Халанд со два гола и асистенција при погодокот на Фоден.

Со ова Норвежаноот само покажа, потврди дека се враќа во препознатливиот гол ритам кој го красеше минатата сезона во која Сити оствари историски успех.

Халанд сака да игра против Јунајтед од повеќе причини, а пак навивачите на „црвените ѓаволи“ се обидуваат да го провоцираат, да го извадат од кожа, па така дел од нив го скандираа името на Рој Кин кој во минатото имаше дуели со неговиот татко Алф Инге, но и еден страшен старт за време на манчестерското дерби во 2001 година по кој скандинавецот потоа не беше истиот играч.

-Луѓето му пееја „Кеано“ (по пеналот), не знам зошто тоа го правеа, но е тоа што е. Беше убава прослава и убав натпревар, -порача Ерлинг по средбата.