Симона Халеп и Габрине Мугуруза ќе играат во полуфиналето на Ролан Гарос откако денес беа поуспешни од Анжелик Кербер односно Марија Шарапова.
Топ фаворитката, Романката Халеп во дуелот против Германката Кербер ззз, иако го загуби првиот сет со 7:6 во тајбрек, но следните два ги доби со 6:4 и 6:2.
Шпанката Мугуруза, пак, беше убедлива против Шарапова и загуби само три гема(6:2,6:1). Русинката по подолго време одигра добар турнир, и се очекуваше дека ќе оди до крај, но сепак мораше да и честита на тенисреката од Шпанија.