Халеп ја урна Серена Вилијамс за првата титула на Вимблдон

Симона Халеп стана првата романска тенисерка која го освои турнирот во Вимлдон, откако во саботното финале одигра фантастичен натпревар со само три грешки и за само 55 минути со 6:2 и 6:2 ја совлада седумкратната вимблдонска победничка, Американската Серена Вилијамс.

Ова бепе нивен единаесетити дуел и само втора победа на 27-годишната Романка. За Симона Халеп ова беше петто финале на Грен-слем турнир и нејзина втора победат откако го освои пехарот на Сузан Ленглен во Ролан Гарос минатата 2018 година. Претходно Халеп двапати беше поразена во финалето во Париз, во 2014-та од Марија Шарапова и во 2017-та од Елена Остапенко, а еднаш на Отвореното првенство на Австралија во 2018-та од Каролина Возниацки.

Серена Вилијамс сѐ уште чека на својата 24-та Грен-слем титула во поединечна конкуренција, со што би се израмнила со апсолутната рекордерка, Австралијката Маргерет Курт. Вилијамс последната Грен-слем титула ја освои во 2017-та во Мелбурн. Ова е деветтиот пораз вкупно во натпреварити за Грен-слем трофеј, а веќе трето финале во кое е поразена по раѓањето на првата ќерка во септември 2017 година. Во Вимблдон беше победена од Анжелик Керберм, а на Јуес Опен од Јапонката Наоми Осака.

Халеп за триумфот на Вимблдон заработи 2,35 милиони финти, додека Серена Вилијамс мораше да се задоволи со 1.175.000 фунти.