![halilovic_6](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/halilovic_6.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Тренерот на Барселона, Луис Енрике реши дека Халиловиќ и оваа сезона нема да заигра за првиот тим на Барселона, по што Хрватот, кој не сака да изгуби уште една година играјќи за Барселона Б, реши да ја испроба среќата во тимот на Спортинг Хихон.
Ова може да се покаже како win-win ситуација и за Барса и за Халиловиќ, бидејќи младиот фудбалер ќе се здобие со искуство во Примера Дивизион, а “каталонците” следната сезона нема да имаат пречка да го вклучат во првиот тим.
Трансферот треба да се реализира до крајот на оваа седмица, со што Ален Халиловиќ би добил право на настап веќе во првото коло од новиот шампионат, кога Спортинг Хихон на домашен терен го пречекува Реал Мадрид.