Халими: Ќе бидат претседател на сите граѓани

Под мотото „За претседател Албанец“ Демократската партија на албанците синоќа од скопски Чаир ја почна кампањата за претседателските избори.

Партискиот кандидат Илјаз Халими и лидерот Мендух Тачи порачаа дека никој не смее да им врши притисок на Албанците при гласањето и да ги повикува на бојкот.

„Ќе бидам претседател на сите граѓани без да ги делам по етничка или верска припадност. Ќе се борам за рамноправно економско вложување во сите делови на Макединија. Нема да предизвикувам поделби. Како врховен командант ќе ги средам работите во Министерстовто за одбрана и во специјалните единици ќе барам застапеност на сите и на Албанците. Нема да ја попречувам денационализацијата на имотот на Исламската веркса заедница“, рече Халими, презентирајќи ја својата платформа.

Тачи истакна дека ДПА ќе биде модерна, граѓанска партија која ќе се бори за секој глас на Халими за да ги зголеми правата на Албанците. Во обраќањето ја обвини ДУИ за лошо владеење.

„Шест години сте во Владата, а ништо нема од членството во НАТО и во ЕУ. Нема пари, нема перспектива. Народот е незадоволен, дозволувате ваши пратеници да земаат пари покрај платата, имаме документи дека некои земаат пари колку што 5.000 Албанци вкупно земаат социјална помош“, рече претседателот на ДПА.

На митингoт присуствуваше и претходната кандидатка на ДПА за претседател Мируше Хоџа