Хамас: Блинкен e „дел од проблемот, а не решение“ за војната во Газа

Официјалниот претставник на Хамас, Осама Хамдан негира дека терористичката група предложила нови идеи за предлогот поддржан од САД за прекин на огнот и договор за заложници во Газа.

Хамдан, зборувајќи за пан-арапската телевизија Ал-Араби, исто така вели дека американскиот државен секретар Антони Блинкен бил „дел од проблемот, а не решението“ во конфликтот во Газа.

Претходно, Блинкен рече дека Хамас предложил бројни промени, некои неостварливи, на предлогот за прекин на огнот во Газа.