Хамас сака да постигне „целосен прекин на огнот“ со Израел во Појасот Газа и смета дека тоа е предуслов за каков и да е договор, изјави во понеделникот за AFP висок функционер на палестинското исламистичко движење.
„Зборуваме, пред сѐ, за комплетен и потполн прекин на огнот, а не за привремено примирје“, рекол Тахер ал-Нуну, висок функционер на Хамас, по состанокот на американски, израелски, катарски и египетски претставници во Париз викендов.
Откако ќе престанат борбите, „може да се разговара за други поединости“, вклучувајќи го и ослободувањето на стотината израелски заложници кои сè уште се држат во Газа.
На состанокот во Вашингтон, катарскиот премиер рече дека рамката за прекин на огнот и ослободување на заложниците мора да му се предаде на Хамас.
Сепак, не е јасно дали во понеделникот вечерта претставникот на Хамас реагирал токму на оваа рамка за примирје.