Хамас ќе се издигне „како феникс“, Израел се насочува на Либан, Иран предупредува

Челникот на Хамас во егзил, Калед Мешал, порача дека оваа палестинско движење ќе се издигне од пепелта „како феникс“ и покрај големите загуби во едната година војна со Израел и дека продолжува да регрутира нови борци и да произведува оружје.

Една година по нападот без преседан во историјата на со децении долгиот палестонско-израелски конфликт на Хамас во јужен Израел што ја предизвика војната, Мешал го прикажува конфликтот со Израел дел од како пошироката 76-годишна борба, која Палестинците ја нарекуваат „Накба“ или „Катастрофа“, кога многу луѓе беа протерани во текот на војните по 1948 година што следеа по создавањете на еврејската држава.

„Историјата на Палестина се состои од циклуси“, вели 68-годишниот Мешал, висок функционер на Хамас кој му одговара на водачот на групата Јахџи Синвар, во интервју за Reuters. „Поминуваме низ фази кога губиме маченици (жртви) и губиме дел од нашите воени способности, но потоа палестинскиот дух повторно ќе се издигне, како феникс“, вели тој.

Мешал, кој преживеа обид за труење во Израел во 1997 година и беше водач на Хамас од 1996 до 2017 година, вели дека исламистичката милитантна групација сè уште може да ги нападне израелските сили.

„Изгубивме дел од нашата муниција и оружје, но Хамас сè уште регрутира млади луѓе и продолжува да произведува значително количество од сопствената муниција и оружје“, додава Мешал, без да наведе детали.

Мешал и денес е влијателен во Хамас, откако играше клучна улога во неговото водство речиси три децении, а тој најмногу се смета за првиот дипломат на движењето. Тој е еден од шесте лидери на Хамас обвинети од американското Министерство за правда за нападот врз Израел на 7 октомври.

Неговите коментари се показател дека движењето ќе продолжи да се бори без оглед на загубите, велат аналитичарите кои го проучуваат Блискиот исток.

„Во најголем дел, би рекол (Хамас) е жив и активен и веројатно ќе се врати во Газа во одреден момент“, вели Јоост Р. Хилтерман, шеф на одделот за Блискиот исток и Северна Африка при институтот Меѓународна кризна група (МКГ – ICG).

Додава дека Израел не претставил план за Газа по завршувањето на војната, што би можело да му дозволи на Хамас да се врати во енклавата, но веројатно не во иста форма или со иста сила.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одбил за Reuters да ги коментира тврдењата на Мешал.

Израел ја започна својата офанзива против Хамас откако според израелските податоци во напад на Хамас на 7 октомври минатата година беа убиени околу 1.200 луѓе, а околу 250 киднапирани. Поголемиот дел од Појасот Газа е уништен, а најмалку 42.000 Палестинци се убиени во офанзивата, според податоците кои ги прифаќаат меѓународните организации.

Израел тврди дека Хамас повеќе не постои како организирана воена структура и дека е сведен на герилска војна. Најмалку една третина од палестинските жртви во Газа, околу 17.000 луѓе, се борци на Хамас, тврдат израелските власти. Во борбите во Газа загинаа околу 350 израелски војници. Мешал вели дека не мисли оти има изгледи за мир додека владата на Бенјамин Нетанјаху е на власт. Израел го обвинува Хамас, чија основачка повелба (неколкупати менувана па враќана) повикува на уништување на Израел, за неуспехот да се постигне мир.

„Сè додека постои (израелската) окупација, регионот сè уште е темпирана бомба“, вели Мешал.

Израелската кампања се фокусира на јужен Либан

Фокусот на израелската воена кампања сега главно е префрлен на северот на Израел и на југот на Либан, од каде исламистичката група Хезболах, шиитска милиција поврзана со Иран, го гаѓа Израел од 8 октомври минатата година.

Израелската војска во вторникот објави дека нејзината 146-та дивизија започнала, како што рече, ограничени, локализирани и насочени операции против цели и инфраструктура на Хезболах во југозападен Либан во понеделникот.

Турското Министерство за надворешни работи во вторник објави дека бродовите на турската морнарица ќе ги евакуираат турските државјани кои побарале да го напуштат Либан во среда. Два брода што можат да превезуваат вкупно околу 2.000 патници треба да отпловат за Бејрут во вторник, објави Министерството. Министерството додаде дека евакуацијата ќе продолжи и во наредните денови доколку има потреба од тоа, а со бродови ќе се транспортира и хуманитарна помош во Либан.

Турција претходно соопшти дека соработува со околу 20 земји во подготовките за евентуална евакуација на странски државјани преку Турција. Стотици луѓе од различни националности пристигнаа во Турција од Либан минатата недела со трговски брод.

Предупредувања од Иран

Иран во вторникот го предупреди Израел да не ја напаѓа Исламската Република, една седмица откако Техеран истрела проектили врз Израел во омаздата за израелските операции кога во јули во Техеран беше убиен политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, а пред две седмици и челникот на Хезболах, Хусеин Насрала заедно со висок ирански воени советник во Бејрут, доведувајќи го Блискиот исток на работ на поширока војна.

Ќе има одмазда за секој напад врз инфраструктурата на Иран, преупреди министерот за надворешни работи Абас Аракчи, во онос на глобалните стравувања дека Израел би можел да цели на нуклеарни постројки или нафтени полиња во земјата.

„Секој напад врз инфраструктурата на Иран ќе резултира со посилен одговор“, предупреди Арагчи, пренесе иранската државна телевизија.

Ова предупредување дојде откако Израел, заколнатиот непријател на Техеран, рече дека подготвува одговор на ракетниот напад лансиран на негова територија од Иран на почетокот на октомври.

Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад седмицава ги посети клучните нафтени полиња во земјата по израелските закани. Техеран, исто така, евакуираше и значителен дел од својата танкерска флота.