Хамас го обвини Израел за ѕверства

Лидерот на палестинското исламистичко движење Хамас, Исмаил Ханија, во саботата го обвини Израел за воени злосторства во Појасот Газа, гисто населениот тесен плестински појас кој изрелската војска немилосрдно го гранатира откако милатантното крило на движењето Бригадите Ал Касем минатата сабота 7-ми октомври го изведоа ненајдениот најобемен и насмртоносен напад во еврејската држава.

„Израелските ѕверства претставуваат воени злосторства и флангрантни кршења на меѓународното право“, напиша Ханија во отвореното писмо упатени на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Ја осуди, исто така, „опсадата“ којашто Израел ја маметна на Појасот Газа со исклучување струја, вода и блокирање на хуманитарна помош, и каде досега се убиени над 2.200 луѓе, и ја повика светската организација да „изврши притисок“ врз Израел да дозволи „влегување на хуманитарна помош и на медицински потреби“.

Хамас во нападот започнат утрото минатата сабота усмртил 1.300 луѓе, од кои стотина се израелски војници и офицери. Некои од жртвите на милитантите биле многу брутално погубувани, соопшти израелската војска.

Израелската војска, која на нападот одговори со континуирани воздушни и артилериски удари врз Појасот Газа, и му порача на тамошното население да ги напушти своите веќе разурнати домови на северот и да тргне кон југот на енклавата, во очекување на започнувањето на голема копнена офанзива.

Изралската страна објави дека градот Газа е во фокусот на неејзината операција, бидејќи вели дека тоа е местото каде што се лоцирани челниците на Хамас.

Во меѓувреме бројни западни лидери сојузници на Израел ја повикаа еврејската држава во својата војна со Хамас да води сметка за тешката хуманитарна ситуација во Појасот Газа која трае со години, како и за безбедноста на цивилното население, стравувајќи од реакции на околните арапски и на муслиманските земји во светот, што може да предизвика ескалација и прелевање на конфликтот на поширокиот регион на Блискиот исток.