Хамас го прифаќа предлогот за прекин на огнот

Официјален претставник на Хезболах во петокот рече дека терористичката група ќе го прекине огнот врз Израел веднаш штом стапи на сила каков било договор за прекин на огнот во Газа. Во меѓувреме, во медиумите излезе информација дека делегацијата на Хамас во Либан ги информирала претставниците на Хезболах дека одлучиле да го прифатат предлогот за прекин на огнот и договорот за заложници со Израел, иако допрва треба да се решат деталите.

Според информациите во медиумите, кои цитираат неименуван американски функционер, се вели дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, го поздравил развојот на настаните.

Во соопштението на Хезболах се вели дека Насралах го примил заменик-шефот на Хамас, Калил Ал-Хаја, на состанок во петокот, на кој се разгледувале „најновите безбедносни и политички случувања“ во Појасот Газа.

„Тие разговараа и за најновите случувања во тековните преговори деновиве, за нивната атмосфера и за предлозите што беа претставени за да се стави крај на предавничката агресија врз палестинскиот народ во Појасот Газа“, се вели во соопштението.