Хамас и неговиот сојузник движењето Исламски џихад го одбиле египетскиот предлог да се откажат од власта во палестинската енклава Појасот Газа во замена за траен прекин на огнот, пишува во понеделникот Reuters повикувајќи се на два неименувани египетски безбедносни извора.
Двете милинтанти движење заколнати непријатели на Израел, кои водат одвоени разговори со египетските посредници во Каиро, одбиле да понудат какви и да се отстапки освен можното ослободување на повеќе заложници земени на 7-ми октомври кога нивните борци ненадејно го нападнаа јужен Израел, и кога киднапираа речиси 240 луѓе.
Египет предложил „визија“, којашто исто така ја поддржале посредниците од Катар, којашто би вклучувала прекин на огнот во замена за ослободување на повеќе заложници, додека во крајна линија би довела до поширок договор кој би вклучувал траен прекин на огнот со промена на палестинската власта во Појасот Газа.
Претходно во неделата саудискиот телевизиски канал Asharq News, цитирајќи извори запознаени со темата на разговорите, објави дека дека Египет сoставил договор во три фази за прекин на борбите меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, како и за ослободување на заложниците кои ги држи споменатото палестинското исламистичко движење. Иницијативата од три фази била покрената на разговорите одржани претходно оваа седмица во Каиро меѓу египетските претставници и делегацијата на Хамас.
Првата фаза, според овој извор, вклучува прекин на огнот од најмалку две седмици во кои Хамас би ослободил 40 израелски заложници – жени и деца, како и постари лица кои се болни. За возврат, Израел ќе ослободи 120 Палестинци, исто така, деца и жени од своите затвори, проследено со прекин на непријателствата и прилив на хуманитарна помош во Појасот Газа. Во текот на втората фаза, биле предложени разговори во палестинскиот кампус за создавање палестинска технократска влада која ќе управува истовремено и со Појасот Газа и на Западниот брег, се вели во извештајот.
Третата и последна фаза, според наводите, повикува на целосен прекин на огнот и „сеопфатен“ договор за ослободување на сите израелски војници кои ги држат Хамас и другите палестински радикални фракции, во замена за палестинските затвореници во Израел. Во текот на третата фаза, израелската војска ќе се повлече од Појасот Газа, а на раселените жители од Појасот Газа ќе им биде дозволено да се вратат во своите домови во палестинската енклава.
Египет предложил и одржување избори со гаранции за Хамас дека неговите припадници нема да бидат процесуирани, но исламистичкото движење ги одбило сите отстапки освен ослободувањето на израелските заложници. Се проценува дека во Газа сѐ уште има повеќе од 100 израелски заложници.
Функционер на Хамас, кој неодамна го посетил Каиро, одбил за Reuters директно да ги коментира конкретните понуди до движењето за повеќе привремени хуманитарни примирја, и го отфрлил предлогот.
„Хамас настојува да ја прекине израелската агресија против нашиот народ, масакрите и геноцидот, а ние со нашите египетски браќа разговаравме за начините како тоа да го сториме“, рекол неименуваниот функционер на движењето за Reuters.
„Рековме, исто така, дека помошта за нашите луѓе мора да оди подалеку и мора да се зголеми и мора да допре до сите жители на северот и на југот (на Појасот Газа). Откако ќе се запре агресијата и ќе се зголеми помошта, подготвени сме да разговараме за размена на затворениците“, додал соговорникот од Хамас.
Исламски џихад, кој исто така држи израелски заложници, како што наведува Reuters, го повторил ставот на Хамас.