Хамас и PLO ја поздравија одлуката на три европски земји да ја признаат Палестина

Палестинското исламистичко движење Хамас, кое води војна против Израел во Појасот Газа со која владее од 2017 година, во средата ја поздрави одлуката на трите европски земји да ја признаат Палестина како држава и ја оценија како „важен чекор“, додека Палестинската ослоодителна организација (PLO) која управува со другата палестинска енклава Зпаднито брег (на реката Јордан) споменува „историски“ момент.

Шпанија, Ирска и Норвешка претходно во средата, како што најавија претходно месецов, ја објавија својата координирана одлука за признавање на палестинската држава.

„Сметаме дека ова е важен чекор кон потврдување на нашето право на земја и кон формирање на палестинска држава со (источен) Ерусалим како главен град“, се вели во соопштението на Хамас, кое ги повика „земјите ширум светот да ги признаат легитимните национални права“.

Висок функционер на движењето оцени дека овие признанија се резултат на „храбриот отпор“ на Палестинците и на „историската истрајност на палестинскиот народ“. „„Ние веруваме дека ова е пресвртница во меѓународната позиција за палестинското прашање“, изјави Басем Наим за AFP.

Во посебна изјава, Палестинската ослободителна организација (PLO) ги поздрави „историските“ моменти. Ова се „историски моменти во кои триумфира слободниот свет… по долги децении палестинска национална борба, страдање, болка, расизам, убиства, угнетување, злоупотреба и уништување на кои е изложен народот на Палестина“, Хусеин ал Шеик. напиша на платформата Х, генералниот секретар на извршниот одбор на PLO која обедунува десетина фракции.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе прво ја објави одлуката за признавање на палестинската држава на 28 мај, упатувајќи „силен повик“ до другите земји да го сторат истото. Неговиот ирски колега Сајмон Харис реагираше веднаш по него, како и шпанскиот премиер Педро Санчез, еден од најкритичните за воената операција што Израел ја започна во Појасот Газа како одмазда за невидениот напад на Хамас на 7 октомври на израелска територија. Веднаш реагираше Израел кој објави покана „за консултации“ на своите амбасадори од тие земји.