Хамас им се извини на жителите на Газа за страдањата предизвикани од војната

Во долгата изјава објавена на својот канал на платформата Telegram, исламистичкото движење Хамас првпат му се извини на народот во палестинската енклава Појасот Газа за страдањата предизвикани од војната.

Хамас, кој ја започна војната со напад без преседан според координацијата, бројноста и суровоста врз воени бази, градови и кибуци во јужен Израел на 7-ми октомври, во кој неговите борци убија 1.200 луѓе, главно цивили и 318 припадници на израелските бооружени безбедносни формации,  и зедоа 253 заложници, се „извини“ за страдањата предизвикана од шестмесечната војна против Израел, но ја повтори својата волја за продолжување на војната, која, според нив, треба да овозможи „победа и слобода“ на Палестинците.

Радикалното исламистичко движење испрати „порака за благодарност до луѓето“ во Појасот Газа и ја призна нивната „исцрпеност“ и рече дека се обиделе да усвојат мерки за ублажување на последиците од војната, особено обидите за „контролирање на цените“ под овие околности .

Хуманитарните потреби се големи, но помошта пристигнува во енклавата за кратко време, а најголемиот дел од населението е внатрешно раселено и сега се наоѓа на самиот југ, во близина на градот Рафах на утврдената египетска граница.

Според Обердинетите, во овој град кој пред војната имаше 300.000 жители, сега се засолнати околу 1,5 милиони луѓе, или повече од половината од вкупното 2,4 милионско населени на Појасот Газа.

Голем број лидери на Хамас, како Калед Мехал, поранешен шеф на политичкото крило, во последните месеци велат дека „потребни се жртви“ за „ослободувањето“ на Палестинците.