Израелски заложник бил убиен од неговиот стражар, а две жени во заложништво се тешко ранети во два засебни инциденти во Газа, соопшти во понеделникот вечерта портпаролот на Бригадите ал-Касам, Абу Убаида.
Портпаролот на споменатата милитантна фракција на движењето Хамас вината за инцидентот во кој е убиен израелскиот заложник ја припишува на „израелските масакри“ врз Палестинците во енклавата.
„Окупаторската влада ја понесува целата одговорност за овие масакри и реакциите како резултат на тоа кои ги трпат животите на ционистичките затвореници“, изјави Абу Убаида во соопштението објавено на комуникациската платформа Telegram.
Додава дека е формирана истражна комисија, како и дека сознанијата до коишто ќе дојде таа ќе бидат објавени подоцна. Додава и дека се преземаат напори да се спасат животите на двете ранети заложнички.
Нема информации за идентитетот на убиениот и ранетите, ниту други поединости, разбирливо и за локациите на кои се случиле инцидените.
Ова е првпат Бригадите ал-Касам да објавуваат дека негов припадник убил заложник. Групата претходно известуваше дека заложниците ги загубиле животите при израелските бомбардирања на Појасот Газа.
Израелската војска објави дека нема разузнавачки сознанија кои би ги потврдиле или негирале тврдењата на палестинската милитантна група и ќе продолжи да ја проверува веродостојноста на објавите и да открие повеќе информации.
Министерот за одбрана Јоав Галант изјавил во затворен брифинг пред Комитетот за надворешни работи и одбрана дека „бројот на заложниците кои сѐ уште се живи во рамките на хуманитарните категории е меѓу 20 и 35, во зависност од толкувањето“, објави информативната куќа KAN news во понеделникот вечерта.