Палестинското исламистичко движење Хамас ќе се одрече од повиците за уништување на државата Израел и врските со панарапското движење Муслиманско братство, во новата политичка програма којашто ќе биде објавена подоцна, дознава агенцијата Reuters од арапски извори.
Најверојатно со овој потег Хамас сака да ги подобри односите со државите од Персискиот залив, кои се американски сојузници, и со Египет, коишто го сметаат Муслиманското братство за терористичка организација, како и западните земји коишто и самиот Хамас го ставија на листите со терористички организации бидејќи се спротиставува на постоењето на Државата Израел.
Муслиманското братство, пак, ја негира поврзаноста со исламистичките милитанти и заговара дека исламистичите политички власти на власт да доаѓаат преку избори, што Саудиска Арабија, како монархија, го смета за закана за нејзиниот систем на наследна апсолутна власт.
Извори од Персискиот залив рекле дека Хамас, кој ја има власта во енклавата Појасот Газа од 2007 година откако по куси судири ги истисна ривалското палестинско движење Фата, во документите ќе објави дека се согласува со преодна палестинска држава во рамките на границите од 1967 година, кога Израел ги зазема Газа, Западниот брег и источен Ерусалим во војната со арапските држави. Израел се повлече од Газа во 2005 година.
Идната палестинска држава којашто би ја сочинувале Газа, Западниот брег и источен Ерусалим во рамите на границите од 1967 година е цел и на Фатах – главниот политички ривал на Хамас – кој го води претседателот на палестинската Национална самоуправа, Мамуд Абас. Тој преговара со Израел на споменатата основа, иако последната рунда од преговорите пропадна пред три години.
Ревидираната политичка програма на Хамас, сепак, ќе го отфрли правото на Израел на постоење и ќе ја поддржи „вооружената борба“ против него, рекле изворите на Reuters.
Хамас со Израел водеше три војни од 2007 година и изведе стотици вооружени напади врз Израел и областите кои меѓународната заедница ги нарекува палестински окупирани во војната од 1967 година, откако движењето е основано пред три децении.
Не е јасно дали овој документ ќе го замени или на кој и да е начин ќе ја измени повелбата на Хамас од 1998 година. Портпаролот на движењето во Катар одбил да коментира на таа тема. А не сакале да коментираат ниту претставниците на арапските земји во Персискиот залив.
Арапски извори рекле дека документот се објавува пред планираната посета на абас на Вашингтон на 3 мај.
Администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, којашто се чини се труди да ги поправи расипаните како никогаш претходно односи меѓу САД и Израел од периодот на неговиот претходник Барак Обама, исто така, сака да им даде нов импулс на мировните преговори меѓу Израелците и Палестинците.