Хамас објави дека нападот во Тел Авив е одмазда за израелската операција на Западниот брег

Радикалното исламистичко движење Хамас, кое управува со палестинската енклава Појазот Газа, ја презема договорнот за нападот со возило врз група луѓе во израелскиот град Тел Авив и порача дека тоа е одмазда за големата воена израелска операција во другата палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан).

Во нападот повредени се осум лица, а најмалку пет од нив се во тешка состојба, објавија двете болници коишто ги примиле повредените.

Двесетгодишниот палестински напаѓач, кој потекнува од Западниот брег кој меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија од Израел во ткн Шестдневна војна во 1967 година, со возлило се залетал во група луѓе, а потоа го продолжил нападот вооружен со нож.

Напаѓачот е убиен од вооружен цивил, соопшти полицијата. Израелската безбедносна агенција Шин Бет објави дека напаѓачот влегол во Израел без дозвола и дека не им е од претходно познат на израелските власти.

Хамас во објавата тврди дека напаѓачот бил припадник на движењето и дека нападот бил „чин на самоодбрана среде ционистичкиот масакр кој е во тек во Џенин“.

Израел е близу завршување на операцијата во Џенин, градот на Западниот брег, изјави советникот за национална безбедност на премиерот Бенјамин Натанјаху во вторникот, откако во најжестоките борби во жариштето во енклавата по повеќе од две децении убиени се десет Палестинци, а илјадници беа присилени да побегнат.

Израелскиот министер за полицијата Итамар Бен-Гвир кој се појави на местото на нападот во Тел Авив го повтори својот повик до граѓаните да носат оружје со себе за да се бранат од уличните напади.

„Кога Израел ги започна своите активности во Џенин, знаевме дека тероризмот ќе се обиде да се закани“, рече Бен-Гвир.