Вооруженото крило на Хамас, бригадите Из ел-Дин ал-Касам, ослободи двајца американски заложници, мајка и ќерка, „од хуманитарни причини“ како одговор на посредувањето на Катар, изјави во петокот портпаролот на Хамас.
Пртпаролот Абу Убајда рече дека ги ослободиле заложниците од „хуманитарни причини и за да им докажат на Американците и на светот дека тврдењата на претседателот Џо Бајден и неговата фашистичка администрација се лажни и неосновани“.
Израел одговори на заложничката криза и нападот на Хамас на 7-ми октомври во кој загинаа 1.400 Израелци со воздушни напади врз Газа во кои загинаа повеќе од 4.000 луѓе и рече дека ќе дејствува за да ги ослободи заложниците и да го избрише Хамас.
Израелците трупаат тенкови и војници во близина на периметарот на енклавата во очекување на копнена инвазија, повикувајќи ги Палестинците да го евакуираат северниот дел на Газа, каде што тврдат дека е упориште на Хамас.
Израел, исто така, рече дека нема да ја прекине целосната блокада додека не бидат ослободени израелските заложници.
Хамас тврди дека има 200 заложници и дека уште 50 се држени од други вооружени групи во енклавата.Соопшти и дека повеќе од 30 заложници биле убиени во израелските воздушни напади, но не се соопштуваат други детали.