Хамас планирал уште поголем напад врз Израел – го планирал и за есента 2022-ра, пренесуваат американските весници

Палестинското радикално движење Хамас планирал многу поголем напад врз Израел од оној што го изведе ланскиот 7-ми октомври, се наведува во документи и писма до кои дошла израелската војска во командните центри на движењето во Појасот Газа, а до кои достап имал весникот The Washington Post (WP).

Според овие информации, Хамас планирал бран терористички напади користејќи ја железницата, чамци и коњски запреги, регрутирајќи милитантни групации за напад врз Израел од север, југ и исто, како и уништувајќи облакодер во Тел Авив.

Покрај тоа, како што било наведено во документите, сегашниот челник на Хамас, Јахја Синвар, се обраќал до високопозиционирани ирански функционери, вклучително и врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи, со барање да биде обезбедена дополнителна воена и финансиска поддршка, ветувајќи дека „ќе го уништи Израел за две години“. Така, во едно писмо датирано од 2021 година, ој бара од Техеран финансирање во износ од околу 500 милиони долари и соработка во обука на 12.000 борци, но не познато дали лидерот на Хамас добил каков и да е одговор.

Сепак, како што изјавиле израелски функционери во разговор за The Washington Post, Техеран иако наводно знаел дека претстои голем напад на Хамас врз Израел, бил изненаден од нападот на 7-ми октомври 2023 и бил незадоволен од тоа што Синвар не ја известил иранската влада за тоа однапред.

Во написот на The Washington Post се нагласува дека не може дефинитивно да се потврди автентичноста на споменатите документи, но наведува дека нивната содржина кореспондира со разузнавачките проценки на САД и нивните сојузници.

Американските функционери коишто, исто така, имале увид во документите, не изразиле сомневање во нивната автентичност, но одбиле да ги коментираат за The Washington Post. Постојаната мисија на Иран во ОН, пак, коментирајќи ги документите по барање на весникот, го обвинила Израел за ширење дезинформации.

„Го гледаме ционистичкиот (израелски) режим како измамничка, злосторничка и античовечка структура и не веруваме во нивните лажни сведоштва. Тие одамна шират лажни информации, фабрикуваат лажни документи и спроведуваат измамнички психолошки операции“, изјавил за The Washington Post изјавил претставник на иранската мисија во светската организација.

Истовремено во саботата друг американски дневен весник The New York Times, повикувајќи се на документи во кои имал увид а доаѓаат од истите израелски извои, пишува дека Хамас планирал да изведе голем напад во Израел уште есента 2022 година, но го одложил со цел наводно да обезбеди поддршка од Иран и од либанското шиитско движење Хезболах.

„Првично Хамас планирал да изведе напад под кодно име ‘Голем проект’ во есента 2022 година. Меѓутоа, групацијата го одложила планот, бидејќи се обидувала да ги убеди Иран и Хезболах да учествуваат во него“, пишува весникот цитирајќи наводни записници од тајни состаноци на челниците на палестинското движење.

Истовремено, од мисијата на Иран во ОН одговориле дека Техеран не бил вклучен во подготовките на Хамас во Израел ланскиот октомври, а либански Хезболах се приклучил со ракетирања врз израелските северни области дури по еден месец, и тоа по сеопфатната израелска офанзива во Газа како договор на нападот.

На 7-ми октомври 2023 година, Израел беше подложен на невиден ракетен напад од Појасот Газа. По ова, борците од палестинското движење Хамас и сродните радикални исламистички групации изведоа упад без преседан според координираност, бројноста и суровост на територијата на јужен Израел, навлегувајќи во пограничните воени бази, кибуци и градови, отворајќи оган врз војската и цивили. Притоа, беа убиени околу 1.200 Израелци, од кои околу 300 припадници на вооружените одбранбени формации а другите цивили – мажи и жени од најрана до најстара возраст, земајќи во Газа околу 250 заложници, од кои најмалку уште 50 се држава во енклавата.

Израелската армија неколку часови подоцна истио ден ја започна операцијата „Железни мечеви“ во Појасот Газа, која вклучуваше и напади врз цивилни цели. Израел најави целосна блокада на енклавата: прекинати се снабдувањето со вода, електрична енергија, гориво, храна и лекови. Според Министерството за здравство на Газа, загинале речиси 42.000 луѓе, од кои најголем дел се деца и
жени, а над 97.000 се повредени. Малата тесна, крајбрежна и пренаселена енклава со 2,4 милиони жители со израелската операција практично е пресечена на јужен и северен дел, а Израел спроведува копнена операција кон градот Рафа, на самата граница со Египет, и тврди дека таму се наоѓа последно упориште на Хамас.