Хамас погубил петмина во Газа, првпат по 2017-та

Исламистичката милитантна организација Хамас, којашто владее со палестинската енклава Појасот Газа, погубила во неделата петмина Палестинци, некои од нив обвинети за соработка со Израел, според тамошното министерство за внатрешни работи.

Двајца од егзекутираните се обвинети за соработка со Израел, а тројца се прогласени виновни за убиство. Тројцата мажи се обесени, додека другите двајца се стрелани, во првите извршувања на смртна казна во Појасот Газа по 2017 година.

Во минатото не беше невообичаено Палестинците кои се прогласени виновни за соработка со Израел да бидат погубувани. За убиство, во Појасот Газа, исто така е предводена смртна казна.

Хамас е втората најголема организација на Палестинците, по политичката партија Фатах на претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, која ја има власта во втората енклава Западниот брег (на реката Јордан). Хамас ја презема власта во Појасот Газа во 2007 година кога насилно ги протераа од енклавата претставниците на владата на Фатах. Израел, САД и Европската унија Хамас го означуваат како терористичка организација.