Хамас порача дека „не се плаши“ од израелска копнена офанзива

Радикалното исламистичко движење Хамас порача дека „не се плаши“ од компнената офанзива на израелската војска која натрупа единици по должината на границата со Појасот Газа, тесната палестинска територија која ја управува движењето кое Израел сака да го уништи.

„Не се плашиме од заканите со окупација (од Израел) и копнена офанзива против нашиот народ, подготвени сме на тоа“, изјави портпаролот на военото крило на Хамас, Аби Обејда во адио-снимката објавена во медиумите.

Најновиот судир меѓу Хамас и Израел се разгори откако добро обучени командоси на палестинската групација на 7-ми октомври во операција без преседан упаднаа во воени бази, населби и градови во јужните израелски територии изведувајќи крвав напад.

Од тогаш во Израел се убиени повеќе од 1.400 луѓе, според најновите податоци на израелските власти кои во понеделникот проценија дека Хамас сѐ уште држи 199 заложници.

Од друга страна, во израелските одмазнички удари во Појасот Газа убиени со повеќе од 2.750 луѓе.

Израелскиот воен портпарол, контраадмиралот Даниел Хагари, изјави дека „напорите во врска со заложниците е национален приоритет“ и оти семејствата се контактирани но немаат никави информации.

Но Абу Обејда во понеделникот ноќта реч дека во Газа има „од 200 до 250“ заложници, додавајќи дека 200 се во рацете на Бригадите на Ал-Касам, военото крило на Хамас, а другите „фракции на движењето на отпорот“ ги држат преостанатите заложници.

„Ќе ги пуштиме грабнатите странци кога ќе се стекнат условите“, додава кусо во аудио-пораката портпаролот на Хамас.

Обејда повтори дека 22 заложници загинале во израелските воздушни ударот врз Појасот Газа.