![hamas](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/hamas.png?resize=696%2C426&ssl=1)
Палестинското исламистичко движење Хамас денеска потврди дека утре ќе бидат ослободени тројца израелски заложници.
Друга радикална палестинска група, Исламски џихад, во меѓувреме соопшти дека ќе ослободи еден затвореник. Портпаролот на Хамас прецизираше дека тоа е едниот од тројцата заложници.
Хамас во понеделникот објави дека ќе го одложи следното ослободување на заложниците закажано за утре, обвинувајќи го Израел за прекршување на договорот за прекин на огнот. Палестинското исламистичко движење сепак ја изрази својата подготвеност размената да ја направи реалност доколку „Израел ги исполни своите обврски“.
Израел остро реагираше, а за возврат го обвини Хамас за прекршување на договорот.
Американскиот претседател Доналд Трамп, жесток поддржувач на Израел, рече дека прекинот на огнот треба да биде укинат доколку палестинското исламистичко движење не ги ослободи „сите заложници“.