Хамас повторува дека војната во Газа мора да заврши за какво и да е ослободување на заложниците

Милитнатното исламистичко палестинско движење Хамас во понеделникот порача дека гарантиран крај на израелската офанзива во Газа и повлекување на сите израелски сили од Појасот Газа е услов за ослободување на заложниците, потврдувајќи ја својата позиција откако Израел одржа состанок со катарските и египетските посредници.

„Успехот на состанокот во Париз зависи од тоа дали окупаторот (Израел) ќе се согласи да стави крај на сеопфатната агресија врз Појасот Газа“, изјавил за Reuters високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри.

Според израелските податоци, не е јасно дали со исполнување на овој услов Хамас ќе ги ослободи сите или дел од 132-та заложници кои сѐ уште се во Газа.

Хамас претходно соопшти дека целосното ослободување на заложнциите би барало од Израел да ги ослободи илјадниците Палестинци што ги држи во своите затвори без никакви обвиненија по изговор од безбедносни причини.

Палестински функционер близок до посредуваните разговори, под услов да остане анонимен, рекол за Reuters дека Хамас сака Израел да ја прекине својата офанзива и да се повлече од Газа, иако имплементацијата нема да мора да биде итна, со цел да се потпише продолжението на ноемвриското примирје со кое беа ослободени десетици заложници.

„Договорот треба да биде поддржан од Катар, Египет и Соединетите држави“, рекол палестинскиот соговорник на агенцијата.

Споменатите три земји испратија високи претставници да разговараат за заложничката криза во Газа со високи израелски разузнавачи во неделата.