Хамас гледа „позитивно“ на последната понуда за договор за заложници, вели египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри. „Сега го чекаме израелскиот одговор“.
Во петокот, американскиот претседател Џо Бајден изнесе предлог за договор за кој рече дека е најновата израелска понуда.
Шукри е во Шпанија на разговори за границата со Газа и за признавањето на палестинската држава од Мадрид.
Сепак, Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху вели дека има „празнини“ меѓу израелската верзија и тоа што Бајден го прикажува.
„Предлогот што го претстави Бајден е нецелосен“, вели Нетанјаху.
„Војната ќе престане за да ги вратиме заложниците, а потоа ќе разговараме. Има и други детали кои американскиот претседател не ги презентираше во јавноста“, рече Нетанјаху.
Нетанјаху ги даде коментарите пред Комитетот за надворешни работи и одбрана на Кнесетот.