Палестинското исламистичко движење Хамас, чиј нов челник Јахја Синвар неодамна беше убиен од израелската армија, привремено ќе биде предводена од комитет со седиште во Катар, пред да се избере неговиот наследник, изјавиле два извора од палестинската милитантна групација.
„Пристапот на водството на Хамас не е да назначи наследник на починатиот лидер, маченикот Јахја Синвар, пред следните избори (во палестинското движење закажани за март) доколку дозволат условите“, изјавил извор од Хамас за France Presse.
Јахја Синвар, назначен за лидер на Хамас по атентатот врз политичкиот челник Исмаил Ханија во јули во иранската престолнина Техеран, беше прогласен за мртов од страна на израелската армија во четвртокот, чии припадници го ликвидирале во јужниот дел на Појасот Газа.
Друг извор на Хамас рекол дека водството на движењето дискутирало за можноста да се назначи политички лидер и да не се објави неговото име, но таа опција на крајот била отфрлена.