Водството на палестинското милитантно движење Хамас се согласило на постепено ослободување на Палестинците од израелските затвори како дел од новиот договор за размена на израелските заложници кои ги држат радикалите во Појасот Газа, објави во средата вечерта телевизскиот канал Al Hadath.
Според информацијата, движењето коешто претставува власт во Појасот Газа, согласноста за постепеното ослободување на палестинските затвореници ја дало како дел од новата иницијатива претставена на состанокот изминатиот викенд во Париз. Се наведува и дека Хамас во првата фаза од договорот „нема да бата ослободување на лицата осудени на долги затворски казни“.
Истовремено, според изворите на Al Hadath, палестинското движење „сѐ уште не одговорило со целосно одобрува на предлозите поставени во Париз“.
Водството на Хамас предходно изјави дека ќе стапи во дијалог за ослободување на заложниците во Газа само доколку се исполнат голем број услови, а еден од нив беше истовремено ослободување на сите Палестинци кои се држат во израелските затвори.
Во вторникот извори запознаени со текот на преговорите изјавија дека Хамас го проучува планот во три фази за прекин на огнот во Појасот Газа кој би обезбедил ослободување на повеќето израелски заложници, но сè уште не го обврзува Израел да ја прекине војната против палестинската милитантна група.
Одржливоста на планот формулиран од шефовите на американските, израелските и египетските тајни служби и катарскиот премиер зависи од тоа дали Хамас, кој владее со енклавата Појасот Газа, ќе се согласи со првата фаза без да се согласи на траен прекин на огнот, што досега беше клучното барање на милитантната група.
Од Хамас во вторникот за Reuters изјавиле дека предлогот ќе биде спроведен во три фази, вклучително и ослободување на заложниците кои ги држи групата во енклавата и палестинските затвореници во Израел. Во писмената изјава Хамас потврдува некои од поединостите од рамката дадена на Reuters од два извора запознаени со предлогот.
Мажите, децата, постарите и ранетите ќе бидат ослободени во првата фаза, се вели во соопштението, а планот е испратен во Газа за да се добие мислење од лидерите на Хамас. Потоа, водството на Хамас ќе се состане за да разговара за документот и да го изрази своето конечно мислење за него“, се вели во соопштението.
Повеќе од 100 израелски заложници сѐ уште се затворени во Газа. Сличен број заложници беа ослободени за време на претходниот прекин на огнот во ноември, кога беа ослободени десетици палестински затвореници.
Планот за прекин на огнот е предмет на дискусија од крајот на декември.
Египетски извори рекле дека Катар, Египет и Јордан ќе гарантираат дека Хамас се придржува до каков и да е договор, додека САД и Франција ќе го сторат истото за Израел. Reuters не можел да утврди какви гаранции би можеле да понудат гарантите.
Шефот на Хамас, Исмаил Ханијa, кој вели дека групата е отворена за какви и да се идеи што водат кон прекин на израелската офанзива во Газа, во вторникот најави дека ќе ја посети египетската пресолнина Каиро за да разговара за планот.