Хамас ќе ја ослободи израелската заложничак Арбел Јехуд на 1-ви февруари, поради тоа што Израел одбива да им дозволи на жителите на Газа да се вратат во северниот дел на енклавата, објаво со саботата катарската телевизија Al Jazeera, повикувајќи се на извор во палестинското милитантно движење.
„Ги известивме посредниците дека Арбел Јехуд е жива и ќе биде ослободена следната сабота (1-ви февруари)”, тврди изворот на теелвизијата.
Според друг извор на Al Jazeera, Израелката ја држат во Појасот Газа борци од Сараја ал-Кудс, воено крило на групацијата Исламски џихад.
„Арбел Јехуд е војник кој бил обучен во вселенската програма на израелската армија“, сметаат палестинските радикали.
Како што појаснил изворот на телевизијата, израелската заложничка „ќе биде ослободена во согласност со договорените услови на размената“. „Ние ја сметаме израелската влада одговорна за какви и да се пречки на договорот“, додаде изворот.
Претходно во саботата, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека според договорот, израелската страна нема да дозволи жителите на Газа да се вратат на север од енклавата додека не се реши ситуацијата со Арбел Јехуд. Како што истакна кабинетот, таа требаше да биде ослободена во саботата, заедно со другите четири жени војници кои веќе се преземени од израелската војска откако во Газа припадниците на Хамас ги предадоа на Црвениот крст.
Прекинот на огнот во Појасот Газа меѓу Хамас и Израел стапи на сила на 19-ти јануари. Истиот ден, палестинските групи ја ослободија првата група заложници, во која имаше три Израелки. Како одговор, Израел ослободи 90 палестински затворенички од затворите. Утрото на 25-ти јануари, четири заложнички кои служеа во израелската армија беа ослободени од Појасот Газа, а од израелските затвори беа ослободени 200 Палестинци.