Хамас тврди дека над 70 Палестинци се убиени по постигнувањето на договор за прекин на огнот во Појасот Газа

Властите на Хамас во Појасот Газа соопштија дека најмалку 71 Палестинец се убиени по објавувањето на договорот за прекин на огнот со Израел.

Според портпаролот на цивилна одбрана во Појасот Газа, најголемиот број од жртвите се во градот Газа, а помеѓу загинатите има деца и жени.

Информациите не се независно проверени.

Израелската армија соопшти дека ги истражува извештаите.