![izraelska vojska zapaden breg](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/izraelska-vojska-zapaden-breg.jpg?resize=696%2C423&ssl=1)
Вооруженото крило на Хамас во петокот објави дека обидот на израелските специјални сили да ги ослободат заложниците во Појасот Газа бил одбиен и притоа загинал еден заложник, додека на израелските сили им биле нанесени неколку воени жртви.
Израелската армија, која на крајот на октомври ослободи заробен војник од градот Газа откако започна да ја спроведува копнена офанзива во енклавата Појасот Газа, чија цел е да ги врати преостанатите 138 заложници, не ги коментираше наводите на Хамас.
На платформата Telegram, Бигадите Изедин ал-Касам, военото крило на Хамас, објави дека нивните борци откриле единица на израелските специјални сили во обид да ги спасат заложниците и ја нападнале, при што убиле и раниле неколку војници. Наведена е и локацијата на судирот.
Военото крило на Хамас тврди дека заробениот израелски војник 25-годишниот Са’ар Барух бил убиен. Списокот за заложници објавен од Израел, пак, го наведува името на Сахар Барух, 24-годишен студент кој бил киднапиран од неговиот стан во текот на смртоносниот напад на Хамас во јужен Израел на 7-ми октомври.
Израелските сили убиле петмина Палестинци за време на рација во близина на Тубас, град на окупираниот Западен брег во петокот, соопшти палестинското Министерство за здравство. Канцеларијата на портпаролот на израелската војска соопшти дека го проверува извештајот.
На Западниот брег има зголемување на насилството паралелно со израелската војна со исламистите од Хамас во Појасот Газа, и досега според палестински извори има најмалку стотина жртви меѓу Палестинците, меѓу кои и деца кои протестираат, а уште стотици други се однесени во израелските затвори.