
Висок функционер на Хамас рече дека палестинската милитантна група ќе ослободи шест живи израелски заложници во сабота, наместо тројца како што беше првично планираното.
Телата на четворицата заложници ќе му бидат предадени на Израел во четврток, вклучувајќи ги и телата на членовите на семејството Бибас, рече Калил ал-Хаја.
Таткото и сопругот, Јарден Бибас беше ослободени на 1-ви февруари.
Израелците тешко ја дпживеаја судбината на неговата сопруга Шири и нивните два мали сина, Ариел и Кфир. Сите четворица беа киднапирани од милитантите на 7 октомври 2023 година.
Има и снимка на која се гледа моментот на нивното киднапирање. Мајката Шири ги држи десетмесечниот Кфир и неговиот четиригодишен брат Ариел завиткани во ќебиња. Вооружени напаѓачи им викаат на арапски, децата се превиткуваат, мајката ја фаќа паника. Вооружен маж вели дека никој ништо нема да ѝ направи. Друг вели: „Таа има деца“. Оттогаш не се знае што се случило со нив.
Хамас тврдеше дека мајката и децата биле убиени во израелските напади во првите месеци од војната во Газа што следеше, но Израел никогаш не ја потврди нивната смрт.
Шестте лица што ќе бидат ослободени во сабота се последните живи заложници што Хамас ги предава како дел од почетната шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 19 јануари.
Оттогаш Хамас ослободи 19 израелски и пет тајландски заложници и извести дека меѓу шесте живи заложници што ќе бидат ослободени во сабота се двајца Израелци кои беа држени во Појасот Газа околу десет години.
Ал-Хаја ги опиша потезите објавени во вторникот како доказ дека Хамас е „сериозен за спроведување на условите од договорот“.
Во замена за ослободување на 33 израелски заложници во првата шестнеделна фаза, Израел ќе ослободи вкупно 1.904 палестински затвореници.