Трката на легендарната патека „Монца“ донесе супер интересен дуел меѓу Луис Хамилтон и Чарлс Леклерк.
На крај, победата и дуелот му припаднаа на возачот на Ферари кој по девет години донесе победа за италијанската екипа на домашно тло. По трката, Британецот го прокоментира жестокиот дуел со својот ривал и рече дека ако титулата беше во игра, се ќе беше поразлично.
„Немаше да се тргнам и ќе се судревме. Тоа е факт, ако титулата беше во игра. Немам никаков проблем со него, немаме некоја војна. Му честитав кога излезе од болидот и му посакав се најдобро…“, вели британскиот возач.
И покрај третата позиција, Хамилтон остана на врвот во генералниот пласман пред клупскиот колега Валтери Ботас.