Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес го постигна најдоброто квалификациско време на трката за Големата награда на Унгарија на патеката Хунгароринг, единаесеттата трка од Светскиот шампионат во класата Формула 1.
Британецот за само три илјадити делови од секундата беше побрз од лидерот во Светското првенство, Холанѓанецот Макс Верстапен во болидот на Ред Бул. За седумкратниот светски шампион тоа е 104-та „пол позиција“ во кариерата, а прва од декември 2021 година.
„Ова неа луди 18 месеци, речиси останав без глас колку врскав. Не очекував да се борам за пол-позицијата, но дадов сѐ од себе“, изјави по квалификациите 38-годишниот Британец.
Британецот Ландо Норис во Мекларен ќе стартува од вториот стартен ред, а по него е неговиот австралиски тимски колега Оскар Пјастри.
Кинезот Џоу Гуанју во Алфа Ромео предизвика големо изненадување освојувајќи го петтото место, додека Шарл Леклер од Монако во Ферари беше шести.
Враќајќи се во Ф1, Австралиецот Даниел Рикиардо, кој го замени Холанѓанецот Ник де Вриј во болидот на Алфа Таури, беше 13-ти.
Пред неделната трка за Големата награда на Унгарија, Верстапен води во генералниот пласман со 255 поени, 99 поени повеќе од мексиканскиот тимски колега Серхио Перез. Шпанецот Фернандо Алонсо во Астон Мартин е трет со 137 бодови, додека Хамилтон е четврти со 121 бод.
Трката за Големата награда на Унгарија е закажана за в недела, со почеток во 15,00 часот.
РЕЗУЛТАТИ:
1. Луис Хамилтон (ВБ/Мерцедес) 1:16.609
2. Макс Верстапен (Хол/Ред Бул) 1:16.612
3. Ландо Норис (ВБ/Мекларен-Мерцедес) 1:16.694
4. Оскар Пјастри (Аус/Мекларен-Мерцедес) 1:16.905
5. Џоу Гуанју (Кина/Алфа Ромео-Ферари) 1:16.971
6. Шарл Леклер (Mон/Ферари) 1:16.992
7. Валтери Ботас (Фин/Алфа Ромео-Ферари) 1:17.034
8. Фернандо Алонсо (Шпа/Астон Мартин-Мерцедес) 1:17.035
9. Серхио Перез (Мек/Ред Бул) 1:17.045
10. Нико Хулкенберг (Гер/Хаас-Ферари) 1:17.186 …