Британскиот возач Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес победи на трката за Големата награда на Ајфел на патеката Нирбиргринг во Германија во 11-та трка од годинешното Светско првенство во класата Формула 1, остварувајќи ја својата 91-ва победа во кариерата со што се израмни со германскиот ас Михаел Шумахер.
Шестократниот светски првак Хамилтон во Германија го оствари својот седмни триумф сезинава, изминувајќи ја патеката за еден час, 35 минута и 49.641 секунди.
Второто место го зазема возачот на тимот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен кој доби и дополнителен бод за најбрз круг на трката, додека третото место го освои Австралиецот Даниел Рикардо кој на својот тим Рено му донесе пиедестал по девет когодин.
Клупскиот колега на Хамилтон и второпласиран во генералниот пласман, Финецот Валтери Ботас ја започна трката од првата позиција, но во 19-от круг пријави дека ја губи силата во моторото и се откажа.
Хамилтон води во генералниот пласман со 69 бодови повеќе од Ботас и 83 од Верстапен, и е сѐ поблиску до седмата титула светски првак.
Следната трка за Големата награда на Португалија ќе се вози на 25-ти октомври.
РЕДОСЛЕД
1. Луис Хамилтон (ВБР) Мерцедес 01:35:49,641 часа
2. Макс Верстапен (ХОЛ) Ред Бул +04,470
3. Даниел Рикиардо (АВС) Рено + 14.613
4. Серхио Перез (МЕК) Рејсинг Поинт +16.070
5. Карлос Саинц пјуниор (ШПА) Мекларен + 21.905
6. Пјер Гасли (ФРА) АлфаТаури + 22.766
7. Шарл Леклер (МОН) Ферари +30.814
8. Нико Хулкенберг (ГЕР) Рејсинг Поинт +32.596
9. Ромен Грожан (ФРА) Хаас +39.081
10. Антонио Џовиинаци (ИТА) Алфа Ромео +40.035
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1. Луис Хамилтон 230 бодови
2. Валтери Ботас 161
3. Макс Верстапен 147
4. Даниел Рикиардо 78
5. Серхио Перез 68
6. Ландо Норис 65