Британскиот пилот во класата Формула 1, Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес беше најбрз на квалификациите од Светското првенство за Големата награда на Италија, а притоа влезе во историјата остварувајќи го најбрзиот круг во историјата на легендарната патека во Монца.
Хамилтон кругот во Монца го мина за рекордни минута и 18,887 секунди, за својата 94-та „пол позиција“ во кариерата, а седма на истата патека.
Второто време во квалификациите го оствари Финецот Валтери Ботас, исто така, од Мерцедес, а во вториот ред ќе бидат Карлос Сајнџ од Мекларен и Серхио Перез од Рејсинг Поинт, додека на „домашната патека“ возачите на Ферари возеа катастофално – Шарл Леклер од Монако беше 13-ти, Германецот Себастијан Фетел беше 17-ти.
Страртот во Монца е во недела во 15,10 часот.
Редослед
1. Луис Хамилтон (ВБ/ Мерцедес) 1:18.887
2. Валтери Ботас (ФИН/ Мерцедес) 1:18,956
3. Карлос Сајнц јуниор (ШПА/ Мекларен-Рено) 1: 19.695
4. Серхио Перез (МЕК/ Рејсинг Поинт-Мерцедес) 1: 19.720
5. Макс Верстапен (ХОЛ/ Ред Бул-Хонда) 1: 19.795
6. Ландо Норис (ВБ/ Мекларен-Рено) 1: 19.820
7. Даниел Рикиардо (АУС/ Рено) 1: 19.864
8. Ленс Строл (КАН/ Рексинг Поинт-Мерцедес) 1: 20.049
9. Александар Албон (ТАЈ/ Ред Бул-Хонда) 1: 20.090
10. Пјер Гасли (ФРА/ АлфаТаури-Хонда) 1: 20.117