Хамилтон избори пол позиција и го мина Сена

Британскиот автомобилски ас Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ избори најдобра стартна позиција пред неделната трка за Големата награда на Азербејџан во Баку, осмата годинешна трка од Светското првенство во Формула 1.

За трикратниот светски шампион ова беше 66-та „пол позиција“ во кариерата, со што го престигна на второто место од вечната листа легендарниот Бразилец Аиртон Сена. На првото место е и натаму Германецот Михаел Шумахер кој 68 пати изборил најдобра стартна позиција.

Хамилтон на неделните квалификации беше најбрз со резултат од 1:40.593, втор беше неговиот клупски колега Финецот Валтери Ботас со време 1:41.027м ,додека од вториот ред ќе стартуваат двата „Ферари“ возени од Финецот Кими Рајконен (1:41.693)и Германецот Себастијан Фетел со резултат 1:41.841.

Пред трката во Азербејџан во генералниот редослед води Фетел со 141 бод, втор е Хамилтон со 129 бодови, а третата позиција го држи Ботас со 93 бодови.