Хамилтон казнет и во Австрија ќе стартува од петтата позиција

Бранителот на титулата и моментално водечки во генералниот пласман за Светското првенство во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“, кој беше втор во саботните квалификации за Големата награда на Австрија, е казнет, па наместо од втората ќе трката ќе ја започне од петтата позиција.

Возачот на „Ферари“, Шарл Леклерк имаше најбрз круг во квалификациите со 1 минута и 3,003 секунди, а Луис Хамилтон заостана зад нетго 0,259 секунди. Меѓутоа, Британецот е казнет бидејќи го попречувал Финецот Кими Раиконен од тимот на „Алфа Ромео“.

Така, сега во првиот ред покрај 21-годишниот возач од Монако ќе стартува Холанѓанецот Макс Верстапен од „Ред Бул“. Од вториот ред трката ќе ја почнат Финецот Валтери Ботас од „Мерцедес“ и Британецот Ландо Норис од тимот на „Мекларен“, а во третиот ред ќе се Хамилтон и Раиконен.