Хамилтон: Немав лош старт, „Ферари“ лошо стартуваше во мене

Пилотот на „Мерцедес“, Луис Хамилтон не го криеше разочарувањето по денешната Голема награда на Велика Британија на која не успеа да ја претвори во победа пол позицијата, па индиректно изнесе сериозни обвинувања кон главните конкуренти од „Ферари“. Кими Раиконен уште во првиот круг удри во задниот дел на болидот на Хамилтон, по што Британецот падна на 18 позиција. Тој, сепак, успеа да се пласира на второто место зад Себастијан Фетел. Затоа актуелниот светски првак изрази сомнеж дека тоа е дел од тактиката на „Ферари“, да му се овозможи на Себастијан Фетел да ја зголеми својата предност во генералниот пласман.

 

Немав лош старт, туку Ферари лошо стартуваше во мене. Што да кажам, интересна тактика на тимот, нема што, можеби ќе треба и ние во иднина да ја примениме. Покажав карактер, и кога бев на дното верував дека можам да победам, да не беше така немаше да стигнам до второто место. Жалам што не стигнав до победата, знам дека навивачите го посакуваа тоа исто колку и јас, истакна Хамилтон.