Светскиот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ го оствари најбрзото време во квалификациите за Големата награда на Франција на патеката во Л’Кастеје.
За 33-годишниот Хамилтон ова е 75-та „пол позиција“ во кариерата, а второто најдобро време го имаше вториот возач на „Мерцедес“, Финецот Балтери Ботас.
Трет беше водечкиот во генералниот пласман Германецот Себастијан Фетел од „Ферари“, а потоа следеа двата болида на „Ред Бул“, Германецот Макс Ферстапен и Австралиецот Даниеле Рикардо. Фетел пред неделната трка има само бод повеќе од Хамилтон.
Ова ќе биде првата трка во светското првенство на Формула 1 на патеката која го носи името на Пол Рикар уште од 1990 година, а последната Голема награда на Франција се возеше во 2008 година во Мању Кур.