Британскиот возач Луис Хамилтон триумфира на трката за ГН на В. Британија возена на патеката Силверстон и значително ја намали негативата во генералниот пласман во однос на тимскиот колега Нико Розберг.
Стартот на трката во Силверстоун го одбележа сериозен инцидент во кој Финецот Кими Раиконен (Ферари) целосно загуби контрола над болидот, кој се вртеше по патеката, а на него налета Фелипе Маса. За среќа, Бразилецот го забави својот болид непосредно пред судирот, па беше избегната и поголема трагедија. Врз Раиконен веднаш беа извршени лекарски прегледи и тој се чувствува добро, со исклучок на болката на зглобот на десната рака.
Заради овој инцидент трката беше во прекин еден час, а откако продолжи Хамилтон за само два круга ги мина Магнусен и Батон, со што беше означен и новиот дуел меѓу Британецот и неговиот тимски колега Нико Розберг. Но, Германецот во 28. круг се пожали на проблеми со болидот и експресно беше минат од страна на Хамилтон.
Со овој триумф Хамилтон стигна до 161 бод во генералниот пласман, само четири помалку од Розберг. Далеку зад двајцата возачи на Мерцедес ГП се наоѓаат Рикиардо со 98 и Алонсо со 89 освоени бода.
Пласман на ГН за В. Британија: 1. Луис Хамилтон 2. Валтери Ботас 3. Дани Рикиардо 4. Џенсон Батон 5. Себастијан Фетел 6. Фернандо Алонсо 7. Кевин Магнусен 8. Нико Хулкенберг 9. Данил Квијат 10. Жан-Ерик Верње