Хамилтон стартува од пол позицијата на ГН на Кина

Возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на трката за ГН на Кина. Хамилтон до третата пол позиција сезонава стигна со време 1:53.860 минути во врнежливи услови на патеката во Шангај. Од првиот ред ќе стартува и Даниел Рикардо (Ред Бул), додека трето најбрзо време во квалификациите имаше бранителот нa титулата Себастијан Фетел (Ред Бул).

Од втотиот ред на трката во Кина ќе стартува Нико Розберг (Мерцедес ), а зад најдобрата четворка се најдоа: Фернандо Алонсо ( Ферари), Фелеипе Маса ( Вилијамс), Виталиј Петров (Вилијамс). Првата десетка ја комплетираат Нико Хулкенберг, Жан Ерик Верње (ФорсИндија) и Роман Грожан (Лотус)