Светскиот шампион во Формула 1 од 1998 и 1999 година, Финецот Мика Хакинен, истакан дека пилотот на Мерцедес Луис Хмилтон, треба да научи да губи. Според него за да се биде еден од најдобрите пилоти во Формула 1 , треба да се знае како да се поднесе поразот, особено од својот тимски колега.
“Ако сакаш да си голем пилот во Формула 1, треба да научиш да губиш Хамилтон не се однесуваше спортски кога загуби од Нико Розберг во Монако. Тој само за да не му честитита на Розберг излезе со оправдание дека нешто му влегло во окото. Според мене Нико е чесно момче и не би направил нешто слично за да не му честита на тимскиот колега”, изјави Хакинен